Во Скопје уапсен осуденик за тешка кражба

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека денес во Скопје е упасен осуденик, кој треба да издржи казна затвор од една и пол година за тешка кражба.

 

„Денеска во 14.50 часот на ул.’Перо Наков’ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

Од МВР велат дека лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Поврзани новости