Во Скопје санкционирани 401 возач, 110 возеле пребрзо

by fokus

Во текот на вчерашниот ден полицајците санкционирале 401 возач во Скопје.

Како што информира МВР,  24 лица се казнети за возење без возачка дозвола, 110 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 19 за неисправни и нерегистрирани возила и 120 за непрописно паркирање.

Покрај ова, санкционирани се и 21 мотоциклист, 82 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, а изречени се и 69 казни за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Поврзани новости