Бајден нема да објавува изборни спотови во кои се критикува Трамп за одговорот на пандемијата

by fokus

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден изрази сочувство до претседателот Доналд Трамп, кој се зарази со Ковид-19, и најави дека ќе престане да емитува изборни спотови во кои се критикува неговиот одговор на пандемијата.

Откако Белата куќа соопшти дека Трамп ќе помине „неколку дена“ во воената болница „Волтер Рид“, Бајден рече дека Американците „мора да се обединат“.

Тој истакна дека дијагнозата на Трамп е потсетување на светската здравствена криза, која особено ја погоди земјата и дека мора сериозно да се сфати вирусот.

Поврзани новости