611
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје биле изречени вкупно 393 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 27 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 164 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 22.
Санкционирани биле 16 мотоциклисти, изречени 92 мерки за непрописно паркирани возила и 85 возила подигнати со пајак (вкупно 177), а казнети се и 37 лица за неносење на заштитна маска.
Од МВР предупредуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.