Одложено судењето за „Меѓународен сојуз“

by Fokus 09:48
09:48

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите, Бојан Јовановски, е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

- Advertising -

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје на 12 мај го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по што беше гормиран и предмет за случајот.

Поврзани новости