Во Скопје санкционирани 165 возачи, 28 за пребрзо возење

by Fokus

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на град Скопје изрече 165 мерки, меѓу кои 28 за непочитување брзина на движење, 21 за возење без дозвола и 10 за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три мерки за минување на црвено, четири мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за недавање првенство на минување на пешаци и 50 мерки за непрописно паркирани возила.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.

Поврзани новости