Полицијата денес привела Скопјанец кој бил баран со потерница од Основен кривичен суд во Скопје за издржување казна затвор, соопшти Министерството за вантрешни работи.
„Денеска во Скопје од полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишен од слобода е Е.О.(66) од Скопје. За него била распишана централна потерница, по претходно издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, со која се барал за издржување казна затвор, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело по член 130 ст.2 од Кривичниот законик“, соопшти МВР
Од МВР велат дека лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Центар за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.