Пехчевски со порака до Владата и премиерот: До кога тој трул систем во државата ќе не мачи и држи во неизвесност?

by Fokus

„Господа од ВЛАСТА дали би дозволиле да се прави сето тоа на ВАШИТЕ деца, што Вие на нас ни го правите? Да сме на ВАШЕ место и да ги држиме во НЕИЗВЕСНОСТ со ГОДИНИ и со МЕСЕЦИ“ упати прашање до Владата, до премиерот Димитар Ковачевски, до министерствата за здравство и за финансии пациентот кој боледува од цистична фиброза – Игор Пехчевски.

„Дали сте свеснии колку е ЖАЛНО и БОЛНО да ги држите болни луѓе во НЕИЗВЕСНОСТ за лек од кој ЖИВОТОТ им зависи?“ – прашува тој на Фејсбук.

„До кога оваа БИРОКРАТИЈА ќе трае? До кога нас и нашите семејства ќе не држите во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ? До кога ќе ни создавате дополнителни компликации и проблеми од тие што ги имаме со ЗДРАВЈЕТО. НЕ МОЖЕ и НЕДОЗВОЛИВО е да ни ги УСКРАТУВАТЕ лековите кои ни се со УСТАВ загарантирани и од кој зависии нашиот ЖИВОТ нашата ИДНИНА“ прашува Пехчевски.

Тој потенцира – „Го бараме лекот ТРИКАФТА (KAFTRIO) ВЕДНАШ“.

Поврзани новости