783
Најмногу активни случаи во Скопје во моментов има во Чаир, 162 случаи, потоа во Бутел, Гази Баба, Аеродром, Сарај, а во Зелениково нема ниту еден дијагностициран, анализираше на денешната прес-конференција директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, Арбен Зибери.
-Од сите активни случаи на територија на Скопје, многу важно е да се напомене дека 65 отсто од заболените, односно 360 лица се асимптоматски носители на вирусот, рече Зибери.