Караџовски за нападите: Ќе издржам затоа што сум цврст како куче

by Frosina Fakova

По деталната анализа на бројките на заразени, починати и оздравени пациенти од Ковид 19, епидемиолгот од Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски им испрати неколку пораки на граѓаните, но и на политичарите кои го напаѓаат и ја доведуваат во прашање стручноста и професионалноста на Комисијата за заразни болести.

-Почитувани граѓани Комисијата изготвува свои протоколи и ги дава на министерот за здравство и на усвојување во Влада. Ние сме стручно, советодавно тело, ние не сме Влада, ние не сме луѓе кои директно донесуваме одлуки. Ве молам да ги почитуваме мерките за да можеме да испливаме од оваа вода. Да не дзволиме да си пресудуваме сами на себе, да воведуваме рестриктивни мерки кога сите држави се отвораат, им порача Караџовски на граѓаните.

Тој се осврна и на своето професионално искуство и кажа дека 27 години работи во Институтот за јавно здравје. -Министерот Филипче ми е 13-ти министер, директорот на Институтот за јавно здравје ми е деветти директор и ќе издржам затоа што сум цврст како куче, рече Караџовски.

Тој повика на обединување и испрати порака да се остават политиката и партиите на страна. Според анализите кои се правеле во Комисијата, вирусот е ослабен и во последните седум дена на Клиниката за инфективни болести немало ниту еден пациент на респиратор.

Поврзани новости