Во среда во Скопје ќе започне Саемот за транспорт 2023, на којшто ќе се претстават повеќе од 40 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко.
Организаторот најавува дека саемот ќе се реализира на отворено, во Комплекс – Борис Трајковски во Скопје и ќе трае до 9-ти јуни (петок), а ќе биде отворен секој ден од 10 до 18 часот.
-На Саемот за транспорт, се најавуваат ексклузивни саемски понуди од познати импортери на товарни возила, приклучни возила, како и голем број на брендови со палета на комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги. Во групата на брендови-учесници се вбројуваат МакАутоСтар со Mercedes-Benz и Fuso, Schmitz Cargobull, Volvo, Cargomax IVECO, АутоМакедонија Групација (Isuzu, Piaggio Commercial, SsangYong), Krone, ManiService, Carrier, Sa-Tra, Termo Sistems Pegi, Thermo King, Euro Bus, Motocentar, Dauti-Transport-Shped, Diginet, Фас-Вас Авто Центар, Petronas, LTL Balkan, Велком Трејд Сервис, Виадукт Трејд, Стиринг трејд, Matrix, DB Schenker, Cargo-Partner, Uni Parts, Sunward, Takeuchi, Everun, ITR USCO, T&T parts, Мега техника, ТТG, Frotcom, Еуроват Про, Бе-Да логистик, Mајанца шпед, Sparkasse Leasing, Macedonia From Above и други.
Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата – информираат од организацијата.
Саемот за транспорт е дел од трилогијата „Саеми во пролет“ во организација на Скопски Саем.
Вики Клинчарова