540
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во сообраќајот на територијата на град Скопје изрече вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, 19 за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли и пет санкции за возачи почетници.
-Изречени се 17 за возење под дејство на алкохол, осум за користење мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), а 34 санкции за непрописно паркирање, информираат од МВР.
Оттаму најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.