Меркел и Макрон: Не смееме да се однесуваме како коронавирусот да е зад нас, има нови варијанти

by Fokus

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа членките на ЕУ во петокот да го координираат отворањето на границите и да бидат претпазливи во однос на новите варијанти на Kовид. Тие исто така покажаа единство во пристапот кон Турција и Русија.

Двајцата лидери на водечките членки на ЕУ се состанаа во Берлин во рамките на подготовките за самитот на Европскиот совет на 24 и 25 јуни, пишува германската агенција ДПА.

-Земјите во ЕУ мора да бидат внимателни да не дозволат ширење нови варијанти, рече Макрон пред работната вечера со канцеларката во Берлин, кој го прими како прв гостин од странство. ЕУ го следи развојот на ситуацијата во Велика Британија, каде е забележано нагло зголемување на неделните инфекции поради варијантата делта, рече тој на прес-конференција со Меркел.

-Не смееме да се однесуваме како коронавирусот да е зад нас, рече Меркел. Сè уште се потребни мерки на претпазливост за да имаме лето со поголема слобода, ако веќе немаме целосна слобода“.

Таа особено повика на претпазливост во контекст на Европското првенство во фудбал.

-Кога ќе видам преполн стадион во некои европски земји, малку сум скептична и се прашувам дали е тоа добар одговор на моменталната состојба, рече таа, алудирајќи на Унгарија, единствената земја домаќин што не утврди никакви мерки за Еврото.

 

Поврзани новости