Во Скопје казнети 220 возачи, 76 за брзо возење

by fokus

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 220 мерки во акциска контрола во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина се 76 санкции, 46 мерки за возење без возачка дозвола, 20 за возење под дејство на алкохол.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 13 санкции за нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.

Поврзани новости