415
На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 22 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 15 санкции за возење без возачка дозвола.
Изречени се девет мерки за непрописно престигнување и обиколување, седум санкции за некористење сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила…, соопшти МВР.