Во Скопје има 1.970 бездомни кучиња, Шилегов на отворањето на „Лајка“ најави нивно намалување

by Фокус

„Лајка“ не е само објект, е еден посебен концепт на третманот на бездомните животни, изјави скопскиот градоначалник Петре Шилегов на официјалното отворање на стационарот „Лајка“.

-Капацитетот на објектот е околу 100 кучиња. Станува збор за еден од најдобрите стандарди што се пропишуваат во оваа област. Целиот објект е опремен со подно греење, со цел да им обезбедиме комоција на животните. Секој простор е засебен, тргнати се прифатилиштата, тргнато е приемното одделение. Има амбуланта, операционала сала, соба за интензивна нега, соба за пост оперативен третман, како и карантински дел. Се надевам дека ќе почнеме системски да го решаваме овој проблем и за една до две години од сега го намалиме бројот на бездомни кучиња, како и на луѓето коишто се каснати  – истакна Шилегов.

В.Д. директорката на „Лајка“ Тина Петрушевска демантираше дека во Скопје има над 13.000 бездомни кучиња, туку, како што рече, во соработка со Факултет за ветеринарна медицина и Агенцијата за храна и ветеринарство направена е анализа по англиска метода според која конечната бројка изнесува 1.970 кучиња.

Поврзани новости