Лавицата Соња од Будимпешта пристигна во скопската зоолошка

by fokus

Доцна во ноќта во Зоолошката градина во Скопје од Будимпешта пристигна белата лавица Соња. Има една година. Лавицата пристигна во друштво со најмалата раса мајмуни мармазети.

-Со нив требаше да пристигнат и пингвините од Италија, но поради проблеми со пандемијата транспортот е одложен. Инаку ексклузивното живеалиште за пингвини е готово, поради што само се чека пингвините да пристигнат од Италија и Русија, ни изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Поврзани новости