Поголем број од нив се убиени во областа Тел Абједа на северот на Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Директорот на опсерваторијата Рами Абдулрахман изјавил дека 49 припадници на сириските бунтовници, кои Турција ги поддржува, се убиени откако во средата започнале нападите, пренесе Ројтерс.