586
Во Шведска во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот – 39 938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција.
Претходниот рекорден број од 39 321 заразени со ковид-19 беше забележан два дена порано.
Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта на омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.
Во текот на двете години од пандемијата на коронавирус, Шведска е една од ретките земји која инсистираше на максимална слобода на граѓаните.
Речиси и немаше ограничувања, поради мислењето на епидемиолозите дека колективниот имунитет е најдобриот одговор.