Во Шведска, во последните 24 часа, се потврдени 4.034 нови случаи на Ковид-19, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.
Во истиот временски период, уште пет лица починаа како резултат на вирусот, вкупно 6.002 од почетокот на пандемијата.
Последното највисоко дневно салдо беше потврдено на 29 октомври, кога имаше 3.254 нови случаи.
Шведска во последниве недели во неколку наврати пријави највисоко дневно зголемување на бројот на новоинфицирани со корона вирусот, додека бројот на смртни случаи и хоспитализирани пациенти исто така започна да расте.
Стапката на смртност од Ковид-19 во Шведска е неколку пати поголема отколку во другите скандинавски земји, но сепак е пониска отколку во некои поголеми европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.