Во Швајцарија референдум за забрана за покривање лица на јавни места

by Fokus

Швајцарците во недела ќе гласаат на рефендум за забрана за покривање лица на јавни места, таканаречена „забраназа бурка, никаб и други форми на покривање на лицето во јавност“.

Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и никаб и предлогот да стане закон, пишува Swissinfo.ch.

Тоа го покажуваат и анкетите спроведени пред референдумот, па се очекува Швајцарија, која пред малку повеќе од 10 години изгласа забрана за изградба на минариња во својата земја, сега да ѝ се придружи на соседна Франција, која во 2011 година целосно забрани носење на бурка.

Во Швајцарија никој не носи бурка, а никаб носат триесетина жени, според податоци на Универзитетот во Луцерн. Муслимани се 5,2 проценти од 8,6 милиони жители на Швајцарија, а повеќето од нив се од Турција, Босна и Херцеговина и Косово.

Поврзани новости