527
Шеесет и осумгодишен штипјанец во текот на вчерашниот ден со својот автомобил прегазил 15-годишно момче.
-Во 09,05 часот било пријавено дека во Штип на улицата „Гоце Делчев“ патничко моторно возило „Фолксваген поло“ со штипски регистерски таблици управувано од Б.М. (68) од Штип, удрило во пешак на возраст од 15 години од с.Радање-о.Карбинци. Пешакот бил пренесен во Клиничката болница во Штип. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.