546
За прв пат од март годинава, во Шпанија во последните 24 часа не се регистрирани смртни случаи од корона вирусот.
Директорот на центарот за одговор на итни здравствени случаи Фернандо Симон, на прес-конференција рече дека ваквиот развој на ситуацијата е „многу, многу охрабрувачки“.
Тој додаде дека во последните 24 часа се регистрирани само 71 случај на заразени со корона вирус.
– Ние сме на многу добро место во развојот на пандемијата. Статистиките го следат трендот. Тие одат во вистинската насока, рече Симон.
Во Шпанија, првите два смртни случаи од корона вирусот беа регистрирани на 3 март.
Врвот на пандемијата беше достигнат на 2 април, кога починаа 950 луѓе.