81
Државната метеоролошка агенција на Јужна Кореја денеска соопшти дека претходниот ден во Сеул паднале 12,2 сантиметри снег, што е најмногу снег во еден ден од 1981 година.
Корејската метеоролошка управа објави дека во саботата и во другите делови на Јужна Кореја паднал снег или врнело дожд, пренесува Блумберг.
Според јужнокорејската Агенција за национална безбедност, снегот во Сеул и во другите области предизвика сообраќаен метеж.