Во септември годинава се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3 проценти помалку во однос на истиот месец лани. Предвидена е изградба на 176 станови, со вкупна корисна површина од 20.383 квадратни метри, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.988.722 илјади денари, што е за три проценти помалку споредено со септември минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 122 (57 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 25 (11,7 проценти) за објекти од нискоградба и 67 (31,3 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 214 објекти, на 140 (65,4 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 74 (34,6 проценти) деловни субјекти.