324
Во селото Ново Рујче кај малиот косовски град Липљан загинаа три лица, потврди полицијата.
Тамошното Министерство за внатрешни работи информира дека се убиени членовите на истото семејство, а се сомнева дека мажот ги убил сопругата и синот, а потоа се застрелал.
Според медиумите во Приштина, полицијата потврдила дека на лице место пронашла три тела.
– Околу 16 часот и 30 минути полицијата добила информации за три жртви во Ново Рујче кај Липљан. Полицијата веднаш по добиеното известување излегла на лице место каде пронашла три мртви тела, чија смрт била констатирана од лекарската екипа. Полицијата започна истрага за случајот и околностите околу инцидентот – се вели во полициското соопштение.