525
Во Сараево се случила вистинска драма во едно семејство, кога синот го запалил таткото и избегал, па сега полицијата трага по него.
„За случајот е известен дежурен обвинител, а полицијата сè уште трага по осомничениот кој е обвинет за кривично дело убиство во обид“, велат од полицијата.
Таткото заработил изгореници на 75 отсто од телото, а синот избегал во непознат правец.