Во Сао Паоло прекината вакцинацијата против Ковид-19 на бремени жени

by fokus

Бразилската држава Сао Паоло денеска престана да дава вакцина против коронавирус на бремени жени поради одредени фактори на ризик, откако регулаторното тело за здравство соопшти дека ниту една бремена жена не смее да прима доза на „АстраЗенека“.

Министерството за здравство на државата Рио де Жанеиро исто така најави дека ќе ја прекине вакцинацијата на сите бремени жени.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести неодамна соопшти дека во САД е дозволена имунизација на бремени жени со вакцините на „Модерна“ и „Фајзер / Бионтек“.

Поврзани новости