Лекарите во болниците во САД користејќи методи стари повеќе од еден век кои се засноваат на крвна плазма од излечени пациенти, се обидуваат да ги излечат новозаболените од коронавирусот.
Во крвта на луѓе кои оздравеле од вирусот претежно остануваат антитела, или протеини, кои ги создал нивниот имунолошки систем во борбата против вирусот.
Од нив може да се земе крвна компонента која содржи антитела, и може да им се даде на новозаразени пациенти, што е познато како „реконвалесцентна плазма“.
Овој метод првпат е користел во 1890-тите години.
– Историски гледано, ова функционирало. Пред да ги имаме вакцините, ова се користеше за заразни болести како морбили и дифтерија, изјави Џефри Хендерсон, вонреден професор по медицина и молекуларна микробиологија на Факултетот за медицина на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис.
Тој додаде дека „реконвалесцентната плазма“ исто така успешно се користела за време на пандемијата на шпанската треска во 1918 година.