Од 1 јануари пријавени се повеќе од 353.000 смртни случаи од Ковид-19, односно илјада повеќе од ланските 352.000 за првите 10 месеци од пандемијата, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс.
Според медицински експерти, постојат клучни разлики меѓу двете години што би можеле да ја објаснат разликата.
Професорката на Меѓународниот универзитет во Флорида и претседателка на Одделот за епидемиологија, д-р Мери Џо Трепка, за Њујорк Дејли Њуз изјави дека многу позаразната Делта варијанта го зголемила бројот на случаи, правејќи ги кумулативните збирови многу повисоки. Тоа е надополнето со недостиг на имунитет на стадото поради ниското ниво на вакцинација.
– Многу луѓе беа изложени во услови на немање имунитет на стадо и присуство на делта варијантата која многу позаразна, рече Трепка за Дејли Њуз.
Покрај тоа, истакна таа, масовна вакцинација немаше до пролетта, а најголемиот пораст оваа година беше во јануари, по празниците. Исто така, за разлика од 2020 година, оваа година немаше строго заклучување.
– Коронавирусот не знае која година е, истакна д-р Дејвид Доуди, вонреден професор по епидемиологија на Блумберг школата за јавно здравје на Џонс Хопкинс.