АПМ до преодната влада: Обезбедете услови за непречена работа на СЈО

by fokus

Алијансата за позитивна Македонија го поздрави договорот на четирите политички партии постигнат со посредништво на претставниците на ЕУ и САД, за одржување на вонредните парламентарни избори на 11 декември 2016, со што Македонија би требало да излезе од политичката криза.

-Алијансата за позитивна Македонија, апелира до новата техничка влада и до другите повикани институции и фактори во периодот до одржувањето на изборите да обезбедат максимални услови за непречена работа на Специјалното јавно обвинитество, се вели во соопштението на Алијансата за позитивна Македонија.

Алијансата смета дека на Македонија насушно и требаат демократски и кредибилни избори, со цел да се добие легитимен парламент и влада што повторно ќе ја врати земјата на европската агенда и препораката за започнување на преговори за членство во ЕУ.

Поврзани новости