621
Над 30 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во денешниот ракетен напад врз железничка станица во Краматорск во источна Украина, изјави шефот на националната железничка компанија.
– Повеќе од 30 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во ракетниот напад врз железничката станица Краматорск. Ова е намерен напад врз инфраструктура на железницата и жителите на Краматорск“, напиша Александар Камишин на социјалните мрежи.