Декларацијата на НАТО Самитот во Брисел оваа недела се очекува само да потврди дека зачленувањето на Македонија во Алијансата ќе зависи од реализацијата на договорот со Грција, пишува електронското изздание на грчкиот весник Катимерини.
Владини извори во Грција за Катимерини велат дека ова било договорено во телефонскиот разговор меѓу потпретседателот на САД, Мајк Пенс, и министрите, Зоран Заев и Алексис Ципрас.
- Advertisements -
Поради ова, според Катимерини, Владата во Македонија може да го забрза одржувањето на референдумот и подготовките да започнат во следните десет дена.
Во моментов процедурите се заглавени во процесот на формирање на новиот состав на Државната изборна комисија, која треба да го спроведе референдумот.