Во пукање во Оклахома убиени пет деца

by fokus

Шест лица, од кои пет деца, се убиени денеска во американската сојузна држава Оклахома, соопшти полицијата.

Според полицијата, по трагедијата е приведено едно вооружено лице.

Пукањето било пријавено во полиција околу 1,30 часот по локално време во градот Маскоги, на околу 72 километри од Тулса, пренесе телевизијата Еј-Би-Си Њуз.

На местото на настанот, полицијата пронашла едно лице со пиштол, како и тела на маж и четири деца.

Петто дете починало подоцна во болница во Тулса. Жена со повреди опасни по животот, исто така, е пренесена во болницата, додаде полицијата.

Надлежните служби се уште не го откриваат идентитетот на уапсеното лице и не објавуваат детали за убиените.

Поврзани новости