Лансет: Ефикасноста на „Спутник V“ е потврдена со 91,6 проценти

by fokus

Ефикасноста на руската вакцина „Спутник V“ во спречувањето на зараза со коронавирусот е 91,6 проценти, покажува прегледот на резултатите од третата, доцна фаза на клиничките испитувања, објави меѓународното медицинско списание „Лансет“.

Британските медиуми пренесуваат дека руските истражувачи соопштиле дека резултатите од третата фаза на истражувањето значат дека светот доби уште едно ефикасно оружје во борбата против смртоносната пандемија и дека одлуката на Москва за вакцинирање пред објавувањето на конечните податоци е донекаде оправдана.

Резултатите собрани од институтот Гамалеја во Москва, каде се разви и тестираше вакцината, се во согласност со податоците за ефикасноста пријавени во претходните фази на студијата, што се одржа во Москва во септември.

Развојот на вакцината „Спутник V“ беше критикуван поради брзањето и недостигот од транспарентност.

Поврзани новости