Во првите девет месеци остварен раст на премија и на добивка

by Fokus

Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година, во однос на истиот период минатата година, за 10% го зголеми обемот на бруто полисираната премија којашто изнесуваше 905 милиони евра и обезбеди 72 милиони евра добивка пред оданочување, што е за 3% повисоко од претходната година. Земајќи ги во обѕир предвидените можности до крајот на годината, во Триглав ја потврдуваат прогнозата за планираната годишна добивка.

Во третото тромесечје комбинираниот коефициент од имотните осигурувања изнесуваше поволни 91,3%, со што се потврдува доброто работење во дејноста на осигурување.

Средствата на клиентите, со коишто управува Групацијата Триглав во взаемните фондови и во секторот на индивидуално управување, кон крајот на септември оваа година изнесуваа повеќе од 1,050 милиони евра, што е за 61% повисоко, споредено со крајот на 2018 година, посебно поради ефектот од превземањето на друштвото АЛТА Склади оваа година. Триглав продолжува со спроведување на својата стратегија на развој и раст, насочена кон долгорочно стабилно, профитабилно работење и на зголемување на вредноста на Групацијата Триглав. Во првите три квартали од оваа година сите компании на Триглав на македонскиот пазар успешно работеа во согласност со стратегијата, со цел да понудат квалитетни услуги и да излезат во пресрет на потребите на клиентите.

 10 – постотен раст на премија, поволен комбиниран коефициент.

Групацијата Триглав во првите девет месеци од оваа година обезбеди 905,5 милиони евра консолидирана бруто премија од осигурување (индекс 111 во однос на истиот период минатата година). Порастот на премијата е остварен во сите три сегменти на осигурување и на повеќето пазари.

Групацијата, со успешни продажни акции, зголемени продажни активности и придобивање на нови осигуреници, оствари раст на премија во сите групи на имотни осигурувања, а вкупната премија во тој сегмент беше за 11% повисока во споредба со истиот период минатата година.

Премијата од здравствени осигурувања, врз основа на зголемениот број на склучени осигурувања и поради зголемениот број на просечната премија, порасна за 22%, премиите од осигурувањата на живот и пензиските осигурувања се повисоки за 2%, што првенствено може да се припише на повисоките уплати на класичните осигурувања на живот и пензиските осигурувања и продажба на тие осигурувања преку банкарските продажни канали.

Овогодинешните штетни настани до сега беа релативно поволни, а фактурираните бруто износи на штети во Групацијата Триглав изнесуваа 505,5 милиони евра (индекс 102). Комбинираниот коефициент на Групацијата изнесуваше поволни 91,3%, што е последица на подобрениот коефициент на штети и зачуваните стабилни вредности на коефициентот на расход.

 

 

Добар деловен резултат. Групацијата Триглав во првите девет месеци реализираше 72,0 милиони евра консолидирана добивка пред оданочување, што е за 3% повисоко во споредба со истиот период минатата година. Добриот резултат е првенствено последица на дисциплинираното превземање ризици во осигурување и раст на обемот на работа. Добивката која произлегува од бруто техничкиот дел на работењето изнесуваше 54,7 милиони евра и беше 13% повисока во споредба со истиот период минатата година. Добивката од финансиските вложувања во осигурителната дејност во висина од 14,9 милиони евра е пониска во споредба со минатата година (индекс 76), а на неа влијаеа негативните каматни стапки, кои и понатаму ги намалуваат нето приходите од камати. Поради натамошниот пад на каматните стапки оваа година Групацијата Триглав оформи соодветни резерви. Добивката од неосигурителниот дел на работа на Групацијата, каде влегуваат и резулататите од работењето на двете друштва за управување, изнесуваше 2,4 милиони евра (индекс 144).

 

Инвестициско портфолио на групацијата Триглав. Финансиските вложувања на Групацијата кон крај на септември 2019-та година достигнаа вредност од 3,3 милијарди евра (индекс 106). Во портфолиото доминантен удел од 73,1% и натаму имаат должничките хартии од вредност, коишто се воглавно инвестирани на подрачјето на евро.

 

 

Управување со средствата на клиентите. Групацијата Триглав при крај на септември 2019-та година управуваше со повеќе од 1,050 милиони евра средства на своите клиенти, од кои 976 милиони евра средства со коишто управуваше во взамени фондови, додека 78 милиони евра средства се индивидуално управување на имот на клиенти. Вкупниот обем на средства на клиентите на групацијата Триглав во споредба со обемот на крајот од 2018 година е за 61% повисок, првенствено поради ефектот од овогодинешното превземање на друштвото АЛТА Склади. На словенечкиот пазар за управување со взаемни фондови Триглав е на водечката позиција (удел на пазарот од 34%).

 

Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар изјави: »Задоволни сме со работењето и со постигнатите резултати во првите девет месеци. Работиме во исклучително тешки услови на финансиските пазари, но дисциплинираното превземање на ризик и растот на обемот на работење ни овозможуваат успешно постигнување на зацртаните цели. Земајќи ги во обѕир предвидените можности до крајот на годината ја потврдуваме нашата прогноза за планираната годишна добивка.«

 

Групацијата Триглав на македонскиот пазар.

Групацијата Триглав на македонскиот пазар ги покрива сите осигурителни потреби на клиентите преку своите три компании, Триглав Осигурување, која работи во доменот на неживотни осигурувања, Триглав Осигурување Живот, која обезбедува осигурување на живот, а од оваа година и Триглав пензиско друштво, кое управува со задолжителен и доброволен пензиски фонд, во рамките на капитално финансираното пензиско осигурување. Во првите три квартали од 2019-та година сите компании успешно работеа во согласност со групациската стратегија, со цел на пазарот да понудат квалитетна услуга и да излезат во пресрет на потребите на клиентите. Триглав Осигурување, како лидер во доменот на неживотни осигурувања во Македонија, во дадениот период својот фокус го насочи на развојот на производи и услуги кои треба да придонесат кон подобрување на квалитетот на животот на клиентите.

 

Во фокусот на нашето работење се клиентите, со кои градиме однос на доверба и настојуваме да ја обезбедиме нивната сигурност и задоволство. Развиваме производи, со кои што ги штитиме нивните најважни аспекти, како што е доброволното здравствено осигурување, каде оваа година понудивме осигурување на малигни заболувања. Сакаме услугите да ги нудиме на релевантен начин, затоа воведуваме дигитални решенија, како што оваа година беше апликацијата за здравствено патничко осигурување. Секако една од стратешките цели на компанијата е адекватност на капиталот, кој на крајот од третиот квартал од оваа година изнесуваше одлични 387%”, изјави Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ. “Важно ни е да се етаблираат новите компании на Групацијата на пазарот, да се воспостават процесите на работа и да се екипираат искусни експертски тимови, за да обезбедиме сигурност и доверливост во работењето, но и можност на клиентите да понудиме иновативни и консолидирани услуги. Во доменот на осигурувањето на живот во дадениот период воведовме нов производ, осигурување од тешки болести и повреди, воедно ја развивавме продажната мрежа и формиравме кориснички центар. Триглав пензиско друштво исто така успешно работеше, а секако во фокус ни е и развојот на доброволниот пензиски фонд, којшто на корпоративните клиенти им нуди алатка за ефикасно наградување на вработените во рамките на пензиски шеми, а обезбедува и сигурно дополнително штедење за поединечните клиенти“, додаде во оваа прилика г. Војновиќ.

 

Поврзани новости