Антикорупциска го затвори предметот против Анѓушев за хидрцентралите и му отвори нова постапка

by fokus 12:58
12:58

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница донесе одлуки за затворање на предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали.

– Не се потврдени наводите дека при продолжување на рокот за договорот за концесија за користење на водата и пренамена и доделување градежно земјиште за изградба на мали хидроцентрали за локациите на реките Врановска и Тополка на друштвото МХЕ „Тополки“ ДОО Скопје Кочо Анѓушев не се нашол во состојба на судир на интереси, бидејќи пред спроведување на постапките тој го пријавил својот приватен интерес и се изземал од седниците на Владата, на кои се расправало и одлучувало во врска со хидроцентралите, каде тој е сопственик или содружник, образложи Нури Бајрами од ДКСК.

- Advertising -

Сепак, антикорупционерите отврија предмет со кој од премиерот ќе се бара да поведе постапка против вицепремиерот Кочо Анѓушев за владината одлука да се намали царината на литиумските батерии за акумулатори.

Анѓушев, кој има бизнис со акумулатори, присуствувал на седницата на која била усвоена одлуката и не се изземал од вториот дел на постапката, односно учествувал во расправата и давал предлози, велат од Антикорупциска.

Комисијата утврдила судир на интереси. За одуката на ДКСК гласале четворица членови, двајца биле против. Предметот го поднел анонимен доставувач.

Поврзани новости