Во вториот „изгубен“ телефон на Јанева не било најдено ништо, а во првиот „ништо посебно“, пренесува „Дојче веле“. Истрагата ќе продолжи во втората половина на август, кога обвинителите ќе се вратат од одмор.
Во него немало ништо, односно бил комплетно форматиран и со нов ај клауд. Тој телефон, за кој синот на Јанева тврдел дека е изгубен во Белград, истрагата неодамна го пронајде кај сестрата на неговата девојка.
Претходно заврши и вештачењето на телефонот што беше одземен од Јанева веднаш по обелоденувањето на случајот „Рекет“. Но, од Обвинителството велат дека и во него „не е најдено ништо посебно“, што би било од интерес за истрагата во која засега се осомничени две лица.
Од досега обезбедените искази и сознанија, според истрагата, немало докази кои би можеле да индицираат на евентуална инволвираност на Јанева во случајот што го истражуваат.