342
Тројца полицајци од Лос Анџелес се ранети во престрелка, а осомничениот напаѓач е убиен, соопштија американските власти. Ранетите полицајци се хоспитализирани и се во стабилна состојба.
Инцидентот се случил кога полициските службеници барале лице кое било на условна слобода за непознато кривично дело и се обиделе да го уапсат, но тој побегнал од куќата и се сокрил во зграда од каде пукал во полицајците и ранил тројца.
Полицајците возвратиле и се повлекле, а подоцна во објектот влегле специјални полициски сили и констатирале дека осомничениот е мртов.