Извештајот на „Фридом хаус“ ја рангираше Македонија во групата „делумно слободни“ држави

by Fokus

Северна Македонија во најновиот извештај на „Фридом хаус“ насловен „Слободата во светот 2023“, има годишен индекс на слободата од 68 од можни сто поени, што е напредок од еден индексен поен во споредба со лани.

Со оценката 68, Северна Македонија е рангирана во групата на „делумно слободни“ држави. Во истата група се и повеќето земји во регионот. Србија бележи пад и има 60 поени, исто колку и Косово кое, пак, има напредок од четири поени. Албанија и Црна Гора имаат оценка 67, Бугарија 79, Хрватска, 84 и Грција 86. Највисок индекс на слободи меѓу земјите во регионот има Словенија – 95, а најнизок Босна и Херцеговина – 52.

Поврзани новости