Во пожар во Кавадарци изгоре гаража со автомобил и трактор

by Фокус

Еден автомобил, трактор и гаража се изгорени во пожар што доцна синоќа настанал во Кавадарци.

Во гаснењето на пожарот, што бил во густо населена населба во Кавадарци, со три возила и шест пожарникари интервенирала Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) кои спречиле пожарот да се рашири на околните куќи.

За пожарот, на својот фејсбук-профил информираше и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

„По добиена дојава за запалено возило и гаража, ТППЕ Кавадарци интервенираше со три возила и шест пожарникари. Пожарот за кратко време е локализиран. Оштетено е едно возило голф 4 (бензин/плин), трактор и дел од гаражата. Според очевидци пожарот настанал од тракторот, но причината засега е непозната“, напиша Јанчев.

Поврзани новости