Во рок од три дена извршени се претреси во повеќе домови, во патнички автомобили и пронајдена е дрога и оружје, информираа од МВР.
Според полицијата, во периодот од 20 до 23.02.2018 година Секторот за внатрешни работи Охрид, по претходна наредба од судија на претходна постапка, изврши повеќе претреси во домови и други простории, во патнички автомобили како и прегледи на лица. Притоа, пронајдени и одземени се околу 60 грама опојна дрога марихуана, 10 грама хероин, 21 грам амфетамин, 10 грама спид, 10 куршуми и еден револвер, непознат калибар.
Пронајдените предмети се одземени со потврда за привремено одземени предмети и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје. Во рамки на преземените мерки, СВР Охрид од слобода лиши шест лица против кои ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.