Во последен момент презакажана дебатата за државниот испит

by Fokus

Закажаната јавна дебата за државниот испит на студентите, која во 14 часот требаше да се одржи на Педагошкиот факултет, во последен момент е презакажана, односно ќе се одржи во истото време, но во Министерството за образование. Студентите од Студентскиот Плениум се сомневаат дека местото на одржување на дебатата е сменето, бидејќи тие најавија дека ќе „упаднат“ во Педагошкиот факултет.

-Не бевме воопшто известени ќе има дебата на Педагошкиот Факултет. Ги повикале од Студентскиот парламент, ама не и претставници од Студентскиот Плениум. Најверојатно исплашени од нашата реакција во последен момент решиле да ја преместат дебатата во Министерство за образование, истакна Горјан Аревски, од Студентскиот Плениум.

Студентите во моментот пеш се упатија кон Министерството за образование, со цел да присуствуваат на дебатата.

Поврзани новости