741
Во понеделник, Апелација ќе решава за тоа дали Бојан Јовановски, првообвинет во случајот Рекет, ќе остане во притвор во затворот во Шутка, објави Телма.
Во овој суд, денеска стигнало мислењето од обвинителството, но за сега нема информација дали е позитивно или негативно.
Адвокатот на Јовановски бара тој да биде пуштен од Шутка поради неговата здравствена состојба.
Инаку, Јовановски, најдоцна в понеделник ќе биде пуштен од градската болница осми септември, велат од болницата.