Во Полска 19 лица починаа од зараза со легионела

by Фокус

Во епидемија од легионела во полскиот град Жешов и неговата околина, регистрирани се 19 смртни случаи, објави локалните здравствени власти. Според информациите од здравствените власти, сите починати имале и други заболувања.

Бројот на потврдени случаи заразени со оваа бактерија засега изнесува 160, а од нив дури 107 се во Жешов, град со околу 196 000 жители кој се наоѓа на 250 километри јужно од Варшава.

Легионелата претставува инфекција на белите дробови. Може да предизвика симптоми како за грип, но и посериозно облик на пневмонија. Често се пренесува преку атомизирана вода, како што се на пример, местата за туширање, отворените базени, навлажнувачите за воздух, чешмите за вода.

Бактеријата може да живее во мали количини речиси насекаде во водата, а идеални услови за нејзино ширење се температури помеѓу 25 и 45 степени целзиусови.

Легионелата е најопасна за лицата со ослабен имунолошки систем и за оние со хронични заболувања, како дијабет, срцеви или белодробни болести. Во ризична група исто така се и пушачите и повозрасните.

Поврзани новости