426
Во полициска акција на МВР затворени се 13 угостителски објекти во неколку градови, Скопје, Тетово, Струмица…
Како што неофицијално дознава „Фокус“, од страна на инспекциските органи од останатите Министерства издадени се две решенија за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 30 денови на угостителските објекти „Се за љубов“ и „Јари дупка“ и едно решение за забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 10 дена на угостителскиот објект „Интермецо“.