Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, информира дека во полициска станица бил повикан Иван Јовановски, кој беше дел од герила акцијата на партијата, на Могила.
-Народниот херој од 11 октомври од Прилеп – носителот на нашата советничка листа Иван Јованоски, кој му го покажа местото на Заев на буништето од Историјата – денес е повикан на распит во полициска станица!?, објави Апасиев.
Активистот на Левица, Јованоски, на 11 Октомври, ја предводеше групата која го блокираше приодот до Могилата на владината делегација и му дофрлаше на премиерот Зоран Заев, а подоцна имаа и мал зајадлив вербален конфликт.
Апасиев додава и дека кривично ќе се гонеле браќата рапери од Пука Козметика кои се на советничката листа во Аеродром од Левица.
-Браќата-рапери ПУКА Козметика, кои се на нашата советничка листа во Аеродром, наместо за прекршок се гонат кривично – со обвинителен предлог – за извикување „Македонија“ на протест!?Говорете ми нежно за „бутнавме Режим со пенкало“, вели Апасиев.