На десетти март, (петок) македонската јавност промотивно ќе ја слушне песната со која што младата поп пејачка Јана Бурческа ќе не претставува на годинашното издание на Евросонг 2017, во Киев, Украина.
Нумерата ќе биде промовирана со спот во емисијата ,,Стисни плеј’’ на МТВ, со почеток во 20.15 часот.
Ќе бидат откриени и сите детали околу авторскиот тим, како и кореографијата, стилот и сценскиот настап.
По промоцијата, Бурческа ќе ја започне својата промотивна евровизиска турнеја во Лондон, Амстердам, Израел и Москва.
Јана ќе настапи на единаесетти мај во првата половина на второто Евровизиско полуфинале, а последниве два месеци работела со својот тим на песната со која што ќе ја претстави Македонија.
Киев ќе биде домаќин на 43 земји, на шеесет и второто издание на европската музичка манифестација.
Вики Клинчарова