Во општина Аеродром формиран совет за социјална заштита

by Fokus

Советот на Општина Аеродром на последната седница донесе одлука за формирање општински совет за социјална заштита со цел да се обезбедат квалитетни социјални услуги за граѓаните.

Советот ќе има задача да изготви социјален план за територијата на Општината, да ги мапира социјалните проблеми и ранливите групи во Општината, да изврши анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во Општината.

Овој совет, како што информираат од општината, ќе биде составен од претставници на општинската администрација, на полицијата, на Министерството за труд и социјална политика, на здруженија на граѓани, како и на основните училишта и градинките на подрачјето на Општината.

Поврзани новости