Скијачкиот центар се ребрендира во Ресорт Маврово

by Fokus

Скијачкиот центар Маврово новата скијачака сезона ќе ја стартува  ребрендиран како Ресорт Маврово. Според најавите од сопственикот на К.А.К. Доо и директор на Ресорт Маврово, Огњан Циговски се оечекува само температурите да паднат под нула и да почне скијачката сезона.

Тоа, како што кажа, го овозможува поставувањето на современата опрема за заснежување и правење вештачки снег на која и е потребно температурата три дена да биде под „0“ степени целзиусови за да направи доволно снег за скијање на стазите под едноседот и двоседот.

-Годинава со помош на Светска банка преку европските фонодови набавивме нова опрема за заснежување и правење снег на ски патеката Маврово 2 под двоседот во вредност од 600.000 евра по пат на кофинасирање 50 спрема 50 отсто. Стазата е проширена  и е отворена и новата ски патека „52“. Тоа е целосно завршено и се чека само да падне температурата и да ја ставиме во функција. Лани, пак, ивестиравме еден милион евра во 19 шахти, девет снежни топови и четири снежни етикови под Едносед стазата со што системот за вештачки снег е во должина од речиси два километра и целосно ја покрива таа стаза, изјаво Циговски.

Најави дека во завршна фаза е и проширувањето на паркинг просторот пред Спорт хотел и сеправи нов паркинг кај фудбалското и спорстското игралиште со што ќе се отворат нови 350 паркинг места. Останува само деновиве општината да го асфалтира новиот паркинг. Покрај тоа отворена е уште една билетарница кај овој паркинг, а билети за скијање од следниот месец ќа може онлајн да се купуваат и надополнуваат.

Поврзани новости